Германец ја презема клупата на Италија

Репрезентацијата на Италија беше едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство 2025.

Италија успеа да ја помине групната фаза, во главната фаза оствари уште една победа и настапот на Мундијалот го заврши на 16. позиција.

Иако имаше успешен настап на СП, сепак, ракометната куќа на Италија одлучи да направи промена во стручниот штаб, односно да донесе нов селектор.

Станува збор за творецот на Фуксе Берлин и Потсдам, Боб Хенинг, кој моментално ја извршува функцијата управен директор во таборот на ,,лисиците”.

Италија во последните осум години беше предводена од Рикардо Трилини, кој ќе остане во стручниот штаб на ,,азурите”.

Големата надеж на Италија, Лео Прантнер, во теков на вчерашниот ден беше промовиран токму во Фуксе Берлин, па најверојатно во иднина би требало да има поголем број италијански ракометари во Бундес лигата.