Германците и Германките со двоен триумф над Унгарија

Машката и женската селекција на Германија на домашен терен прославија победи над соодветните репрезентации на Унгарија.

Бундес тимот во машка конкуренција славеше со 33-29 во „Порше Арена“ во Штутгарт пред повеќе од 5.000 гледачи.

Левото крило Лукас Мертенс со шест гола беше предводник во убедливата победа на момците на Алфред Гисласон, кои последниот тест ќе го имаат в недела против Јапонија.

Женската репрезентација на Македонија иако губеше со шест гола, на крајот минимално беше подобра од Унгарките, 30-29.

По четири гола во победничкиот состав постигнаа капитенот Емили Белк, Јулија Маидхоф, Ксенија Смитс и Антје Дол.