Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе ја започне новата сезона на домашен терен против хрватскиот Загреб.
ЕХФ им го довери овој натпревар на германските арбитри Тобијас Тониес и Роберт Шулце, а делегат е Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб е закажан за среда, 10 септември, во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.