Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во Европскиот Куп.
Тимот на Тиквеш ќе се соочи со грчката Драма, а првиот натпревар се игра претстојниот викенд, односно на 14 септември од 18:00 часот.
Тој натпревар ќе го судат браќа Тијагарајах од Германија, додека делегат е Грима од Малта.
Реваншот меѓу Тиквеш и Драма ќе се одигра на 22 септември од 19:00 часот во „Јасмин“, кога ќе биде познат патникот во второто коло.
Овој натпревар ќе го судат Пикар и Воше од Франција, додека делегат е Сивиркаја од Турција.