Ѓер владее со Европа!

Европскиот шампион Ѓер ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, откако славеше против данскиот Оденсе со 29-27 во финалето во Будимпешта.

Победата беше најавена уште по првото полувреме, кога домашните стартуваа со 6-2, а против себе ја имаа една од најдобрите голманки – Катрине Лунде.

Оденсе намали на минус два во финишот, 29-27, но немаше сили, а ниту време за нешто повеќе на овој натпревар.

Левиот бек Мие Хојлунд беше најдобра со пет гола кај данскиот тим, а голманката Лунде, запре 12 противнички удари.

Во победничкиот тим се истакна Кари Братсет Дале, која даде шест погодоци и заслужено беше избрана и за МВП на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Есбјерг славеше против Мец со 30-27 во битката за третото место.