Машкиот тим на Ѓер, кој оваа сезона се врати во најквалитетното унгарско друштво, влегува со големи амбиции.
По Деан Бомбач, клубот потврди уште четири засилувања за наредната сезона, а двајца доаѓаат од Татабања.
Станува збор за двајцата кружни напаѓачи и поранешни унгарски репрезентативци Урош Виловски и Хуба Вајда.
Покрај нив доаѓаат уште и Борис Дорњеи и Милош Божовиќ, кои ќе ги пополнат десната крилна, односно левата бековска позиција.
Дорњеи беше дел од Динамо Панчево во минатата сезона, додека Божовиќ доаѓа од францускиот Иври.
Овој тим можеби во следната сезона нема да биде конкурент на Веспрем и ПИК Сегед, но сигурно дека ќе може да се носи со екипи од типот на Татабања, Балатонфуреди, Ференцварош, Ѓенѓеш…
Бомбач повлече нога: Двајца унгарски репрезентативци пред трансфер во Ѓер
По десет години Ѓер се врати во елитата и станува закана за Веспрем и Сегед