Тимот на Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде го очекуваат големи предизвици.
Капитенот Гоце Георгиевски ги сподели очекувањата од продолжението на сезоната и потенцира што е потребно да се остварат целите.
„Не чека потешкиот, пролетен дел од сезоната кога се одлучува се и се делат трофеите. Ќе биде напорно, веќе во февруари имаме пеколен распоред во македонската Супер лига и во Лигата на Европа. Овој период треба добро да го искористиме за подготовки. Ќе имаме повеќе време и за анализа на натпреварите кои сме ги одиграле, но и за тие што ни претстојат. Најважно е да останеме здрави, да се комплетираме со сите кои се со репрезентациите и да ја оствариме целта, а тоа е освојување на шампионската титула“, изјави Георгиевски.
Вардар ќе биде дел од силен турнир во Лабин во Хрватска, каде ќе се сретне со хрватските Сесвете и Загреб, како и словенечкиот Слован Љубљана.

























