Георгиевски: Во завршните десетина минути го скршивме отпорот на Охрид

Вардар славеше со 25-21 во пресметката кај Охрид и направи чекор напред кон титулата во Супер лигата.

Капитенот на „црвено-црните“, Гоце Георгиевски, ги сподели импресиите по тешката победа во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Тежок натпревар како што очекувавме. Охрид е квалитетна екипа и на домашен терен секогаш игра одлично со квалитетните ривали. Знаевме дека ќе биде тешко, во првото полувреме имавме негатива, бидејќи Охрид имаше одличен голман. Во второто полувреме ги консолидиравме нашите редови, и одбраната и нападот функционираа подобро и мислам дека во завршните десетина минути го скршивме отпорот на домашните и тоа беше клучно на овој натпревар“, изјави Георгиевски.

За Вардар останува да одигра на гостински терен кај Тиквеш и дома против Еурофарм Пелистер.