Тимот на ПАОК, каде што играат двајцата македонски интернационалци, Виктор Гигов и Дарко Георгиевски, одигра реми со Дукас, 23-23.
Во натпреварот од третото коло на грчкиот шампионат, ПАОК на домашен терен иако имаше константно предност, на крајот мораше да се задоволни само со бод.
Георгиевски беше најдобар стрелец во тимот од Солун со шест погодоци, но тоа не беше доволно за триумф.
ПАОК првата победа ќе ја бара на гости кај Пилаја следното коло, откако загуби на претходните два меча од фаворитите Олимпијакос и АЕК Атина.