Тимот на ПАОК каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци, Виктор Гигов и Дарко Георгиевски, имаше половичен ефект во последните две кола од грчкиот шампионат.
На дуелот од седмото коло, ПАОК во Солун го победи составот на Килкис со 27-24, а Георгиевски беше стрелец на осум гола и најдобар на теренот.
На натпреварот од осмото коло, ПАОК по малку изненадувачки загуби дома од Диомидис Аргус со 25-28, а Георгиевски постигна повторно осум погодоци, односно една третина од домашните голови и пак беше најдобар стрелец во солунскиот тим.
Tимот на Гигов и Георгиевски се наоѓа на шестото место на табелата со биланс од три победи, едно реми и четири порази, а во следното коло ќе му гостува на Ксант.