Легендарниот германски ракометар во моментов се рехабилитира од повреда, но уште еднаш потврди дека оваа сезона е последна во неговата богата кариера.
Тој од лето ќе ја извршува функцијата спортски директор во неговиот актуелен клуб Рајн Некар Левен и ќе остане во клубот каде мина скоро 20 години, но во поинаква улога.
Генсхајмер на 16 години се пресели во Манхајм од неговиот матичен клуб Фридрихсфелд, и остана дваесетина години, со исклучок на трите сезони што ги мина во францускиот ПСЖ.
Со Рајн Некар, Генсхајмер освои титула во Бундес лигата во 2016 и трофеј во Купот во 2023 година, а со ПСЖ има три титули по ред во францускиот шампионат, како и еден Куп трофеј.