Селекторот на Алжир, Фарук Дехили, го објави скратениот состав на ракометари на кои ќе смета за настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Некогашниот голман на Вардар и Еурофарм Пелистер, Калифа Гедбан, кој сега брани за бундеслигашот Ерланген, ќе биде лидер на Алжир на СП.
Тука се десниот бек од Нант, Ајуб Абди, потоа левиот бек Месуд Беркос, пивотот Хишем Кабеш од Бешикташ, левото крило Хишем Дауд од францускиот Бијер, средниот бек Мустафа Хаџи Садук…
Алжир ќе биде во тешка група со Италија, Тунис и еден од домаќините – Данска, а своите натпревари ќе ги игра во Хернинг.
Гедбан и соиграчите ќе имаат тестови со Словенија и Катар пред настапот на Мундијалот.