Гарсиандија оди во Нант, ПИК Сегед прави место за Сандел

Десниот бек на ПИК Сегед, Иманол Гарсијандија, од следното лето ќе ги брани боите на францускиот Нант.

Според „Handball Basse“, шпанскиот репрезентативен десен бек ќе ја замени Унгарија со Франција од 2026 година.

Со заминувањето на Гарсијандија, во ПИК Сегед ќе се отвори место за Швеѓанецот Лукас Сандел, кој играше за Веспрем.

Тој ќе ја помине претстојната сезона во Рајн Некар Левен, а од идното лето ќе се врати во Унгарија.