Македонскиот првак Еурофарм Пелистер славеше против Загреб со 25-23 во првото коло од Лигата на шампионите.
Тренерот на пелистерци, Рубен Гарабаја, вели дека и покрај победата има многу работи што може да се поправат, но и дека мора да се размислува за големи нешта.
„Ова е само почеток, но ние мораме да мислиме на големи нешта. Има многу работи што треба да ги поправиме од денешниот меч. Не одигравме на највисоко ниво. Имаме уште многу да работиме. Сакам да размислувам само на секој нареден меч, следен ни е Пролет, и мислиме само на овој натпревар. Тоа е нашата цел, да одиме натпревар по натпревар и да победуваме на секој“, изјави Гарабаја.
Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе гостува кај ПСЖ во Франција, а претходно ќе го одигра мечот со Пролет од македонската Супер лига.
Славеничка ноќ во Битола – Еурофарм Пелистер го сруши Загреб!