Тимот на Еурофарм Пелистер загуби на гостински терен со 33-27 на гостувањето кај ПСЖ, иако цели 55 минути одлично му парираа на домаќинот.
Во два наврати водеа и со плус три во вториот дел, но за жал не издржаа до крајот во битката за позитивен резултат на тешкиот терен.
Тренерот Рубен Гарабаја и покрај поразот, е горд на својот тим.
„Треба да бидеме горди на овој тим. Во соблекувалната видов лути и тажни лица. Тоа значи дека овие момци веруваа дека можевме. Сега мора да гледаме на следниот меч. Се надевам дека најмалку што можеме е да добиеме почит од секој што го гледаше ова“, на крајот загадочно порача шпанскиот стратег.
Следен предизвик во Лигата на шампионите за македонскиот првак е дуелот со данскиот ГОГ Гудме на 24 септември од 20:45 часот, додека претходно ќе гостуваат во Автокоманда кај тимот на Кирил Лазаров.
Храбрите пелистерци го изнамачија моќниот ПСЖ, но останаа со празни раце