Гарабаја: Не заслуживме да загубиме со толкава разлика

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај полската Висла Плоцк со 36-25.

Ова беше трет пораз за пелистерци во елитното натпреварување, а тренерот Рубен Гарабаја смета дека неговиот тим не заслужи да загуби убедливо.

„Честитки за Висла – тие апсолутно заслужија да победат. Станува збор за одличен тим со извонреден тренер, што го потврди и денешниот резултат. Жал ми е поради високиот пораз, бидејќи сметам дека не заслуживме да загубиме со толкава разлика“, вели Гарабаја.

Следен предизвик за битолчани ќе биде дуелот со Барселона, кој е закажан за 15 октомври од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.