Гарабаја: Ако не си компактен и безгрешен против Магдебург, тогаш ќе имаш проблеми

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува петтиот натпревар во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде тежок предизвик и гостување кај европскиот шампион Магдебург.

Тренерот на пелистерци, Рубен Гарабаја, ги сподели очекувањата пред мечот и гостувањето во Германија.

„Се надевам дека можеме да бидеме уште подобри отколку на натпреварот со Барселона, затоа што тогаш одигравме одлично. Не бевме совршени, но бевме блиску до тоа. Ако не си компактен и безгрешен против тим како Магдебург, тогаш сигурно ќе имаш многу проблеми“, изјави Гарабаја.

Натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер ќе се игра утре во „Гетек Арена“ со почеток во 20:45 часот.