Еден од хероите во победата над Франција со 30-29 во битката за 9 место на Европското првенство беше голманот Иван Галевски.
Популарниот „Галец“, го одбрани пеналот на Фаврил, кој дотогаш немаше ниту еднаш промашување, но македонскиот голман спречи реми.
„Два пати игравме со Франција, првиот пат загубивме, но сега ги добивме заслужено. Да се победи една таква репрезентација со таков младински ракомет и со одлични услови што ги имаат за тренинг, е од големо значење за нас. Ќе биде голем мотив плус за нас во иднина. Можеби немавме среќа, за еден гол не влеговме во ТОП 8, но ете го повторивме ланскиот успех. Докажавме дека сме квалитетна генерација и може да се верува во нас. Сите имавме придонес за денешната победа“, вели Галевски.
Галевски и Брестовац имаа одлични партии на ова ЕП, но иако денеска не беа на највисокото ниво, сепак една голманска одбрана во вистинско време беше клучна.
„Се случува да се има и добри и лоши денови, сепак ова е спорт. Јас сметам дека го дадов максимумот, исто и останатите дечки што играа во одбраната, благодарен сум им нив. Ние имаме најдобра одбрана од сите на ЕП, тоа е потврда за борбеноста и за срцето што го оставаме на теренот во текот на сите 60 минути секој натпревар“, продолжи Галевски.
Пред шутирањето на пеналот, Галевски имаше конверзација со шутерот на Франција, Фаврил, кој дотогаш немаше промашено ниту еднаш.
„Тоа е психилошка борба, некоја ‘мала игра’, не би сакал да откривам што му реков“, низ смеа вели Галец.
Следен голем предизвик за оваа македонска генерација ќе биде Мундијалот за младинци во Полска следната година.
„Одиме на трета среќа, па ќе видиме што ќе биде. Последните две години одлучуваше една топка, но ние не се откажуваме, ќе работиме максимално, и во клубовите, па секој ќе го даде максимумот за да се вклопиме што подобро во колективот и да направиме уште подобар резултат, барем за ТОП 8 на СП, а зошто да не и за нешто повеќе“, заврши Галевски.
Сега следува краток одмор за младинците, пред да се приклучат на клубовите на подготовките за новата сезона.
Македонија е деветта ЕВРОПСКА СИЛА – падна моќната Франција!
🎥 Галевски ја стави „јаготката на шлагот“ – еве како сервираше слатка одмазда за Франција!
🎥 Така тоа го прават големите: Стојановиќ и Ангеловски ја „нацртаа“ победничката акција!
🎥 „Ладен како шприцер“ – еве го победничкиот гол на Субашевски за македонско славје
Субашевски: Срцето ми чукаше 200 на саат пред последниот шут…
Стојановиќ: Клубовите треба да инвестираат во овие деца, а не да ангажираат потпросечни странци