Галевски: Нѐ чека голем предизвик – но тоа не треба да ни биде притисок, туку мотив плус

Машката репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Во Стара Пазова веќе трет ден работат избраниците на Кирил Лазаров, а меѓу нив е и младиот чувар на мрежата, Иван Галевски.

„Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека спремни ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“, вели Галевски.

Македонија утре стартува со контролните натпревари, а прв ривал ќе биде српскиот клуб Нови Београд, на 27 јануари следува контрола со Динамо Панчево, додека на 29 јануари е пресметката со Саудиска Арабија.