Машката младинска репрезентација на Македонија не успеа да ја совлада Австрија и одигра само реми, 20-20, во третата рунда на Европското првенство во Словенија.
Голманот Иван Галевски беше прогласен за МВП на натпреварот, откако успеа да одбрани дури 15 удари на ривалот од вкупно 31 упатен шут кон неговиот гол, што е околу 50% на успешност.
Но и покрај тоа, не успеавме да го искористиме последниот напад за победа.
Македонија не е комплетно отпишана, има теоретски шанси за да се пласира во ТОП 8, односно ќе чека победа на Германија над Португалија со најмалку 13 гола или победа на Португалија над Германија со најмалку 11 гола.
Јасно е сепак дека шансите за ова да се случи се мали и од понеделник не чека битка за пласман од 9 до 16 место.
Македонија ремизираше со Австрија, ќе игра за пласман од 9 до 16 место на ЕП