Иван Галевски беше „џокерот“ на екипата од Автокоманда, и со 17 одбрани и плус еден постигнат гол главниот виновник што бодовите останаа кај домашната екипа. Актуелниот вицепрвак победи на дуелот со Охрид 30-24 (15-12) и сега „сините“ се зацврстија на првото место и повеќе од сигурно ќе пренесат три бода во разигрувањето за титулата.
За разлика од нивниот прв меѓусебен дуел во Охрид кога скопјани лесно и убедливо победија, сега во најголем дел од средбата Охрид беше „тука и во игра“. Но, не успеа да ја мине границата која ќе донесе неизвесност. Остана Охрид само на „минус два“ во вториот период, и само поради сопствените грешки можат да жалат зошто не беа во ситуација да го предизвикат тимот составен од македонски репрезентативци. Откако Охрид намали на 22-20, потоа прими два гола и откако резултатот беше 24-2- веќе гостите не се вратија резултатски во игра.
Иван Галевски одново покажа дека не е веќе талент, туку квалитетен голман, и многу дискутабилна е одлуката на „селекторот“ да донесе странски голман кој добро тренира, ама на терен го нема никаде. За разлика од Галевски и Трајковски, кои и лани покажаа квалитет, нивниот кубански колега Ромеро не се снајде во Скопје.
Кубанецот имаше операција на слепо црево, па „мало“ недоразбирање со тренерот, доби „ладење на трибините“ и прашање е дали ќе остане до крај на сезоната. Клупските камери сигурно го имаат забележано секој потег, и на Ромеро на тренинзите, и одличните одбрани на Галевски и Трајковски.
Домаќините остануваа перфектни со 9/9 сезонава, иако не беше лесно н асредбата. Во првите 15 минути двете екипи се менуваа во водство, а потоа Охрид имаше „црна дупка“ и седум минути не постигна гол по што „сините“ поведоа со 10-7. Таа разлика остана до полувремето, а потоа разликата се зголемуваше до највиоските „плус 6“.
Во победничкиот тим Французинот Арно Бинго и Мартин Серафимов постигнаа по 6 гола, А марко Митев еден помалку. Кај Охрид, по 6 гола дадоа Орјоникидзе Теимураз и Владимир Бојаниќ.
ТАБЕЛА А ГРУПА