Гакидова ќе го „одмаздува“ Ѓорче Петров, Дабевска налета на Малага

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп.

Сите македонски екипи беа елиминирани во второто и третото коло, па сега останаа само две наши интернационалки – Ивана Гакидова и Сања Дабевска.

Гакидова со полскиот Кобержице налета на шпанскиот Елче, тим што го елиминира Ѓорче Петров со две победи.

Екипата на Сплит, која беше подобра од Металург Автокоманда, ќе се соочи со Јувента Михаловце од Словачка. Сања Дабевска со српскиот Бор за место во четвртфиналето ќе се бори со шпанската Малага.

Во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп има дури четири шпански екипи, како и две од Италија. Првите дуели се играат на 17/18 јануари, додека реваншите се една недела подоцна.

ЕХФ Европски Куп, жени, осминафинале:

Јувента Михаловце – Сплит
Ајдовшчина – Венло
ПАОК Солун – Мадеира
Кинжварт – Салерно
Бети Онак – Бурса
Малага – Бор
Кобержице – Елче
Атлетико Гуардес – Ериче