Фуриозно издание на Колстад против ПИК Сегед

Тимот на Колстад во натпревар од 4. коло од Лигата на шампионите го декласираше ПИК Сегед со 37:24. Колстад со триумфот над ПИК Сегед се врати на победите во дебитанската сезона во елитата, во претходните две кола беше поразен од Загреб и Келце, додека во првото коло славеше над Еурофарм Пелистер.

Норвешкиот шампион имаше старт како што можеше да посака, започна со предност од 3:0 и до крајот на првиот дел беше целосно го надигра ривалот. Разиграните домаќини погодуваа од речиси секоја позиција и по воведниот дел дојдоа до дотогаш највисоките плус четири, 7:3.

ПИК Сегед проба да се врати во игра, но можеби лошиот старт и грешките до половината на првиот дел беа пресудни за домаќинот да има голема психолошка предност и лесно да доаѓа до гол.

Како одминуваше времето, растеше разликата на Колстад и во ниту еден момент предноста не беше ни најмалку загрозена. Голема поддршка домаќините имаа и од голманот Бергеруд, кој првиот дел го заврши со 11 интервенции, односно со 50% одбранети удари. На секој постигнат гол на гостите, домаќините возвраќаа со 3-4 во низа, па така по 30 минути игра, резултатот беше 24:11 во корист за норвешкиот претставник.

Второто полувреме исто така мина во доминација на Колстад и поради убедливата разлика стекната во првиот дел дојде до опуштање во домашниот табор, но гостите никако не можеа да преполоват и да стигнат на поприфатлива негатива, па така високиот пораз беше неизбежен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВЕСПРЕМ12110133
2СПОРТИНГ1381425
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1280424
4ФУКСЕ БЕРЛИН1270521
5ВИСЛА ПЛОЦК1350815
6ДИНАМО БУКУРЕШТ1350815
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1232711
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1311114