Женската репрезентација на Македонија ја очекува двомеч од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Исто како и нашите репрезентативки, кои ќе се соберат на 25 февруари, истото ќе го направи и ривалот, но тие ќе тргнат на пат кон Македонија уште на 26 февруари во понеделник, иако мечот во Скопје е на 29 февруари.
Селекторот Амброш Мартин ќе смета на 18 ракометарки за овој двомеч и сериозно му пристапува на двомечот со Македонија, кој ќе го одлучи првото место во групата.
Шпанките ќе тренираат три дена во Македонија пред мечот што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.
Патувањето до Шпанија за реваншот во Ланцароте на Канарските Острови, ќе биде сложено и долго. Вториот меч меѓу Македонија и Шпанија се игра в недела, на 3 март со почеток во 17:00 часот.
Шпанија со најсилен состав против Македонија, се враќа и Барбоса!