Тимот на Фуксе Берлин запиша триумф над Лајпциг со 37-32 во второто коло од Бундес лигата и во победничка атмосфера доаѓа во Битола на меч со Еурофарм Пелистер од Лигата на шампионите.
„Лисиците“ водеа и на паузата со 20-17, а во вториот дел само ја одржаа разликата за лесни два бода.
Матијас Гидсел постигна девет погодоци на овој дуел, Фреихофер даде седум, додека Ласе Андерсон беше стрелец на пет.
Тимот од Берлин пред стартот на бундеслигашката средба, објави дека Андерсон, кој имаше забележителна улога на мечот со Лајпциг, потпишал нова соработка со „лисиците“.
Неговиот актуелен договор истекуваше во 2025 година, но Фуксе Берлин реши тој да биде продолжен за уште две сезони, па Андерсон ќе остане во германскиот тим најмалку до 2027 година.