Фуксе славеше среде Париз, Динамо декласиран од Спортинг

По катастрофалниот пораз од Спортинг Лисабон во претходното коло, екипата на ПСЖ повторно доживеа пораз европската елита.

Избраниците на Раул Гонзалез на свој терен беа поразени од Фуксе Берлин, загубија со 37:34 (18:19).

Во крајно неизвесен натпревар, во кој најчесто се играше гол за гол, бундеслигашот подобро се снајде во клучните моменти и заслужено се радуваше на петтиот триумф во европската елита.

Предводник во победничката екипа беше Матијас Гидсел со седум гола, додека на спротивната страна Шипжак имаше седум гола.

На победа во рамки од 9. коло во ЛШ се радуваше и Спортинг Лисабон, кој на свој терен го декласираше Динамо Букурешт со 34:25.

Спортинг уште во првото полувреме покажа дека бодовите ќе останат дома, откако на пауза замина со предност од 20:11.

Романскиот шампион се обидуваше барем резултатски да се доближи, но сите обиди завршуваа без успех, па така домаќините без многу проблеми ја одржуваа стекнатата предност од првиот дел.

Свој ден имаа браќата Коста кои постигнаа вкупно 17 гола и беа незадржливи во нападот.