Германскиот првак Фуксе Берлин го обезбеди првото место во група, откако славеше на гости кај Алборг со 35-31. Со одличната партија на Дејан Милосављев и Гидсел (осум голови), данскиот тим немаше премногу шанси против расположените „лисици“.
Висла Плоцк е трета во групата Б, откако успешно мина на гостувањето кај Загреб и славеше со убедливи 34-26.
Десниот бек Мелвин Ричардсон беше лидер во триумфот против хрватскиот првак и даде осум гола од девет обиди.
Полскиот Келце се рехабилитира по поразот во полскиот шампионат од Висла Плоцк и го победи Спортинг Лисабон со 39-33. И покрај десетте гола на Мартим Кошта, сепак португалскиот првак мораше да му честита на домаќинот.
Сичко беше лидерот во ослабениот тим на Талант Душебаев со осум гола и сега полскиот вицепрвак има 15 бода на табелата пред унгарскиот Веспрем.






















