Последен учесник во ТОП 16 во Лигата на Европа е словенечкиот Горење, кој и покрај тоа што не го победи Савехоф, остана на второто место бидејќи швајцарскиот Винтертур загуби на гости кај Куенка со 28-24.
Фуксе Берлин оствари шеста победа во групата, откако на домашен терен беше подобар од Извиѓач со 34-23, додека Нант го победи Рајн Некар со седум гола разлика и ќе пренесе два бода во главната рунда.
Максимум бодови, четири, во ТОП 16 фазата ќе пренесе и Хановер, кој триумфираше кај полскиот Горњик Забже.
Изненадување направи словачкиот првак Повашка Бистрица, кој го победи данскиот Скјерн, но овој натпревар не беше важен бидејќи гостите од претходно го имаа обезбедено место во следната фаза.
Лига на Европа, 6 коло, резултати:
АЛКАЛОИД – ЛА РИОХА 28-27
СИЛКЕБОРГ – ВОЈВОДИНА 26-22
ДИНАМО БУКУРЕШТ – ШАМБЕРИ 36-33
ФЛЕНСБУРГ – ЛОВЌЕН 42-19
ГОРЕЊЕ – САВЕХОФ 28-28
ЛУЦЕРН – АЕК 39-27
КРИСТИЈАНШТАД – БЕНФИКА 27-31
ТАТАБАЊА – ХРОБРИ ГЛОГОВ 37-24
БРАГА – НЕКСЕ 30-34
КУЕНКА – ВИНТЕРТУР 28-24
ЕЛВЕРУМ – КАДЕТЕН 31-27
ФУКСЕ БЕРЛИН – ИЗВИЃАЧ 34-23
НАНТ – РАЈН НЕКАР 32-25
ПОВАШКА БИСТРИЦА – СКЈЕРН 31-27
СПОРТИНГ – КОНСТАНЦА 34-28
ГОРЊИК ЗАБЖЕ – ХАНОВЕР 29-32
*екипите со болдирани букви продолжуваат во ТОП 16 фазата од Лигата на Европа