Германскиот шампион Фуксе Берлин посакува во своите редови да го донесе словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте, пишува „Handballia“.
Цехте е под договор со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер до крајот на оваа сезона, но според Словенците, „лисиците“ во него гледаат замена за повредениот Фабијан Виде.
Сепак за ова се прашува и раководството на битолчани, кое ќе треба да одреди оштета доколку Фуксе Берлин сака да го откупи договорот на Цехте.
Тренерот на германскиот првак Николај Крикау соработуваше со Цехте една сезона во данскиот ГОГ Гудме во 2023 година, па веројатно оттука доаѓа интересот за искусниот Словенец од страна на „лисиците“.
Ако евентуално се случи овој трансфер, тоа би било камбек за Цехте во Бундес лигата каде што го носеше дресот на Хановер.

























