Данскиот лев бек Симон Питлик е нов ракометар на германскиот шампион Фуксе Берлин, потврдија „лисиците“ и Фленсбург.
Питлик имаше активен договор до 2030 година со Фленсбург, но со клаузула дека може да замине во 2027 година со соодветна оштета.
Според германските медиуми таа изнесува 750.000 евра, па Фуксе Берлин мораше „да го одврзе кесето“ и да му плати висока оштета на Фленсбург.
Питлик е првиот дел од планот на Фуксе Берлин да ја создаде најмоќната бековска линија, а втората половина е доаѓањето на Дика Мем.
Овој трансфер дополнително треба да биде потврден.

























