Бундеслигашот Фуксе Берлин денеска го официјализираше трансферот на искусниот Аитор Арињо.
Левото крило на лето ќе го напушти каталонскиот гигант Барселона и ќе им ги приклучи на „лисиците“.
Раководството на Фуксе Берлин и Арињо се договорија на соработка, која ќе биде со важност од три сезони.
Арињо има 32 години, потекнува од Барселона и во текот на целата досегашна кариера играше во „Блауграна“.
Во 2012 влезе во првиот тим на Барселона, а претходно настапуваше за вториот тим и младинските категории на актуелниот европски првак.
Со Барселона 13 пати ја освои титулата во Шпанија, како и пет пати трофејот во Лигата на шампионите.