Фуксе Берлин дава 1.200.000 за да го добие Питлик една сезона порано!

Германскиот првак Фуксе Берлин ќе го има на располагање левиот бек Симон Питлик од 2027 година според договорот на данската ѕвезда.

„Лисиците“ ќе остане без Ласе Андерсон на лето, па го посакуваат Питлик една сезона порано, односно во летото 2026 година.

Според клаузулата на договорот на Питлик со Фленсбург, клубот кој сака да го „купи“ Данецот ќе треба да плати 1.200.000 евра.

Според германските медиуми, Фуксе Берлин е подготвен на преговори и да ја плати посочената сума за да го добие Питлик порано.

Како резервна варијанта се споменува левиот бек на Вардар, Дмитро Горига, но многу поверојатно е дека Питлик ќе го засили Фуксе Берлин една сезона порано од предвиденото.