Фудбалерите на ПСЖ ја освоија ЛШ – ракометарите добија бонус од 2 милиони евра!

По триумфот на фудбалскиот ПСЖ во Лигата на шампионите, претседателот Насер ел-Хелаифи реши да го зголеми буџетот на ракометниот клуб за два милиона евра.

Со тоа, буџетот на парижани за новата сезона изнесува 17 милиони евра, со јасна цел тимот да се доближи до европската титула и во ракомет.

Во споредба со конкурентите од домашното првенство, Нант ќе располага со 11 милиони евра, а Монпелје со 9 милиони. И покрај тоа што ПСЖ има најголем буџет, со години се мачат да стигнат до европскиот врв. Најмногу што стигнале е Ф4 во Келн.

Најплатен ракометар во француската лига е кружниот играч на ПСЖ, Лука Карабатиќ, кој заработува 1,5 милиони евра по сезона.