Екипата на Фредериција, која е следен ривал на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, денеска ја имаше последната проверка пред дуелот со пелистерци.
Фредериција во натпревар од 9. коло од најквалитетното натпреварување во Данска играше со последнопласираниот Гриндстед и без многу проблеми триумфираше со 34:22.
По девет одиграни кола, тимот на Фредериција се наоѓа на 3. позиција на табелата со 14 поени, додека пред ривалот на Еурофарм Пелистер се Силкеборг и ГОГ Гудме.
Натпреварот меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер во рамки од 7. коло од ЛШ ќе се одигра на 31 октомври (четврток), со почеток од 18:45 часот.
Данскиот тим во досегашниот тек од сезоната во европската елита успеа на шест натпревари на оствари една победа, она против Висла Плоцк на домашен терен од 28:25.