Францускиот селектор Гијом Жил и тамошната федерација решија да го откажат декемврискиот собир пред СП 2025.
Собирот беше планиран од 21 до 24 декември пред празниците, а Жил планираше 18 ракометари да тренираат три дена.
„За да се избегне преоптоварување на крајот на олимписката година, а исто така земајќи ја предвид физичката кондиција на играчите, закрепнувањето од повредите и обемот на работа оваа сезона, решив да го откажеме декемврискиот тренинг камп“, изјави Жил.
Франција ќе игра во група со Австрија, Кувајт и Катар, и е потенцијален противник на Македонија, доколку успееме да се пласираме во главната рунда на СП 2025.