Французите ги обвинија хрватските навивачи за расизам: На таквите луѓе не им е место во нашиот спорт!

Хрватска го загуби дерби двобојот од Франција со 34-32, а француските репрезентативци и селекторот во коментарите по мечот обвинија за расизам.

Во еден момент пред крајот на натпреварот целата француска клупа скокна во обид вербално или физички да се пресметува со хрватските навивачи.

„Расистички коментари не слушнав, но навивачите се однесуваа насилно кон нас во текот на целиот меч. Не разбрав што зборуваат бидејќи не знам хрватски, но беа насилни. За таквите луѓе нема место во нашиот спорт. Беа преминати сите граници“, изјави Жил за „Беин Спорт“.

Пивотот Николас Турна, кој игра и играше со хрватски интернационалци, веројатно подобро разбира хрватски јазик од неговиот селектор, па потврди дека имало расистички коментари.

„Имаше расистички коментари и тоа многу не налути. Тажно е што такви луѓе седат насекаде околу нас во секој момент, па дури и на ракометни натпревари. Тие на навредуваа, но така е како што е“, изјави Турна, а пренесува „Ле Паризиен, но не откри кон кои играчи беа упатени коментарите.

Франција сега има четири бода од дуелите со Германија и Хрватска, па се наоѓа на добар пат да игра во полуфиналето на ЕП.