Раководството на француската елитна конкуренција ги објави буџетите на сите клубови кои ќе се натпреваруваат во новата сезона во ова натпреварување.
На првото место, според очекувањата е шампионот ПСЖ, кој има буџет од 17,4 милиони евра, за еден милион повеќе отколку лани.
Нант е на второто место со скоро половина помал буџет од ПСЖ – десет милиони, а на третото место е Монпелје, кој има буџет од околу девет милиони.
Најскромен буџет има новакот во елитната француска конкуренција, Истр – 2,5 милиони евра, додека другиот тим што се пласира ранг погоре – Трембле, има буџет околу пет милиони евра.
Трошоците за плати на играчите и стручниот штаб е просечно околу 42% од буџетот на сите клубови, а просечната месечна плата изнесува 6.481 евро за играчи, односно 8.475 евра за тренери.
Франција, буџети:
1. ПСЖ – 17 430 437 €
2. Нант – 10 564 862 €
3. Монпелје – 8 971 808 €
4. Лимож – 6 129 505 €
5. Ним – 6 001 113 €
6. Екс Ан Прованс – 5 567 857 €
7. Шамбери – 5 028 551 €
8. Трембле – 4 827 088 €
9. Данкерк – 4 638 457 €
10. Шарт – 4 599 800 €
11. Сен Рафаел – 4 391 704 €
12. Тулуз – 4 123 752 €
13. Сесон Рен – 4 016 750 €
14. Кретеј – 3 509 091 €
15. Иври – 3 094 674 €
16. Истр – 2 596 626 €