Екипата на Екс ан Прованс, која за оваа сезона има буџет од околу шест милиони евра, настапот во најсилното француско натпреварување ќе го продолжи со 12, наместо 16 бода.
Како што соопштуваат од „Liqui Moly Starligue“ раководството на Екс ан Прованс не доставило финансиски извештаи заверени од овластен ревизор во потребната временска рамка.
Поради тоа, на клубот му се одземаат 4 бода во тековната сезона. Дополнително, со оглед на недоволната транспарентност на правната и финансиската состојба на клубот, француската федерација најави преселба на Екс ан Прованс во понизок ранг на натпреварување.
Оваа одлука е донесена како мерка на претпазливост и ќе се ревидира по 31 мај 2024 година со цел да се потврди, измени или повлече, особено по завршувањето на правната и надворешната финансиска ревизија во клубот.
Екс ан Прованс од 7 падна на 9 место, a амбициите на клубот за оваа сезона беа камбек на европска сцена.