Светскиот првак Франција е последниот полуфиналист на Мундијалот, откако во четвртфиналниот дуел ја совлада селекцијата на Данска со 31-26.
„Триколорките“ одиграа феноменално и уште во првиот дел создадоа значајна предност од пет гола 17-12, а потоа во ниту еден момент не им дозволија на Данките да се вратат во мечот.
Французинките контролираа од старт до финиш, имаа и највисоки плус седум двапати во второто полувреме, па сосема заслужено се најдоа меѓу четирите најдобри на турнирот.
Најдобра ракометарка во победничкиот состав беше Сара Буктит со седум погодоци, додека кај Данска се истакна Кристина Јоргенсен со десет гола.
Во полуфиналето Франција ќе се соочи со Германија, додека вториот финалист ќе произлезе од дуелот меѓу Холандија и Норвешка.
























