Франција ја замени со Унгарија – Јована Кипријановска има нов клуб!

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Таа потпиша договор на една сезона со унгарскиот тим Сомбатељ и Франција ја замени со Унгарија по две сезони во составот на Самбр Авенуа.

Кипријановска, која се смета за една од најдобрите млади македонски ракометарки на домашна сцена го носеше дресот на матичниот клуб Куманово.

Во Франција играше за Самбр Авенуа и се профилираше меѓу најдобрите стрелци и пеналџии во овој клуб.

Десниот бек ќе има македонско друштво во Сомбатељ, бидејќи втора сезона по ред дресот на овој клуб го носи Ивана Џатевска.