Sanna Charlotte SOLBERG-ISAKSEN, Norway vs Slovenia, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 28.11.2024, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Франција ја разнесе Полска, Словенија без сили против Норвешка

Репрезентацијата на Франција фуриозно го започна настапот на Европското првенство 2024, откако во натпревар од групата Ц славеше убедливо против Полска со 35:22.

Французинките немаа никакви проблеми за да дојдат до планираните два бода, од стартот наметнаа свое темпо, од минута во минута ја зголемуваа предноста и на полувреме заминаа со предност од 18:10.

Лаура Глаузер беше најзаслужна за предноста од осум гола, бидејќи во првото полувреме имаше осум интервенции од 18 удари.

Актуелниот бранител на титулата, репрезентацијата на Норвешка, во првото коло од групата Е ја победи Словенија на Драган Аџиќ со 33:26.

Словенките парираа колку што можат во првото полувреме, беа рамноправни до 15 минута, а Норвешка со целото искуство зад себе го реши натпреварот уште во првиот дел, кој го доби со 16:11.

Подмладената Словенија на стартот на вториот дел заигра поангажирано и намали на 18:15, но во преостанатиот дел не можеше нешто драстично да промени.

Унгарија и Австрија со победнички старт, Португалија ја намачи Шпанија