Laura FLIPPES, Hungary vs. France, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 10.12.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Франција ја прати Унгарија на мегдан со Норвешка

Репрезентацијата на Франција славеше во дербито на последното коло од главната фаза на Европското првенство против домаќинот Унгарија со три гола разлика, 27-30 (13-13).

Ова беше прв пораз за домаќинките, а на теренот на „Феникс Арената“ во Дебрецен гостите дојдоа до својата цел – првото место во првата група. Унгарија, исто како и Франција, ќе игра во полуфиналето на континенталниот собир, а за пласман во финалето ќе се бори против Норвешка.

Унгарија имаше лош старт и првиот гол на натпреварот го постигна дури во 10-та минута. Сепак, ниту Франција не играше на ниво, па така домаќинките за 20 минути игра постигнаа 13 гола.

Франција водеше со четири гола разлика (7:3, 10:6), и во последниот период од првиот дел попушти, па така на полувреме беше нерешено, 13:13.

Гостинките слично тргнаа на стартот на вториот дел, со три гола во низа се одлепија на 16:13 и до крајот ја сочуваа стекнатата предност. Овој момент беше одлучувачки на натпреварот, бидејќи избраничките на Головин никако не можеа да се вратат во игра.