Франција ја надигра Данска и закажа финале со Унгарија

Репрезентацијата на Франција со победата над Данска од 32:26 си обезбеди пласман во финалето на Светското младинско првенство во Македонија.

Франција во финалето ќе се соочи со репрезентацијата на Унгарија, која во полуфиналето ја надигра Холандија, триумфираше со 28:24.

За бронзата ќе се борат Данска и Холандија, за петтото место ќе играат Шведска и изненадувањето Португалија, додека за 7. позиција Швајцарија оди на мегдан со Исланд.

Последниот ден од младинскиот Мундијал е в недела, натпреварот за 3 место е од 14:45 часот, а финалето во 17:30 часот.

Унгарија е прв финалист на СП во Македонија

Младинките загубија од Кина и завршија на 16 место на СП