Франција го освои златото на младинскиот Мундијал

Репрезентацијата на Франција го освои златото на Светското младинско првенство во Македонија, откако во денешното финале славеше над Унгарија со 29:26 (14:13).

Двете репрезентации на ракометните љубители во СЦ „Борис Трајковски“ им понудија возбудлив натпревар, а во финишот повеќе среќа имаа „триколорките“.

За Франција ова беше прво злато на младинските Мундијали, односно втор освоен медал на Светските првенство во младинска конкуренција.

Холандија со победата над Данска од 34:28 од Скопје си замина со бронзен медал. Холанѓанките и на минатиот младински Мундијал го освоија третото место, тогаш ја победија Шведска со 31:20.

Како што е познато, македонската репрезентација на младинскиот Мундијал заврши на 16. позиција, оствари две победи, едно реми и доживеа четири победи, но со пласманот во главната фаза беше остварена зацртаната цел.

Конечен пласман:
1. Франција
2. Унгарија
3. Холандија
4. Данска
5. Португалија
6. Шведска
7. Исланд
8. Швајцарија
9. Германија
10. Норвешка
11. Романија
12. Црна Гора
13. Египет
14. Јужна Кореја
15. Кина
16. Македонија
17. Шпанија
18. Ангола
19. Бразил
20. Јапонија
21. Аргентина
22. Србија
23. Гвинеја
24. Тунис
25. Чешка
26. Тајван
27. Иран
28. Узбекистан
29. Чиле
30. САД
31. Алжир
32. Мексико