Репрезентацијата на Франција е многу блиску до пласман во полуфиналето на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија. Французите ја забележаа втората победа во главната фаза на континенталниот собир, триумфираа над Исланд со 39:32.
Островската земја на натпреварот со актуелниот олимписки првак беше рамноправна до средината на првиот дел. По нерешените 4:4, избраниците на Жил постигнаа четири гола во низа и го зададоа првиот удар, поведоа со 8:4. Одбраната на Исланд не можеше да го задржи кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас, кој создаваше многу проблеми и во првите 30 минути постигна три погодоци од четири обиди.
Во составот на Исланд освен Видарсон немаше расположени играчи, па така Франција лесно стигнуваше во позиција за гол, се разбрани и Беласен и резултатската предност на „триколорите“ од три до четири гола им создаваше голем психолошки притисок на избраниците на Гудјонсон.
Франција го одржуваше темпото, имаше убава предност, помалку правеше технички грешки во нападот и на пауза замина со активен резултат од 17:14. Во првото полувреме Исланд имаше вкупно 13 промашени удари.
На почетокот на вториот дел Франција бргу ја врати максималната предност од првото полувреме, откако со добрата игра дојде до 19:15. Исланд повторно влезе во криза, додека Франција лесно ги казнуваше грешките на „рибарите“ зголеми и на 21:16 и до крајот немаше никакви проблеми да дојде до втората победа во главната фаза.
Ракометарите на Жил во третото коло ќе се соочат со Австрија, која денес игра против домаќинот.