Шампионот Еурофарм Пелистер славеше на гости кај Тиквеш со 24-21, а дербито во „Јасмин“ го одбележаа и двете навивачки групи.
„Лозари“ и „Чкембари“ важат за братски навивачки групи и заедно, на иста трибина, навиваа на натпреварот меѓу кавадарчани и битолчани.
Ракометарите на шампионот пред мечот се загреваа со маички на кои пишуваше „Ненад – со тебе сме“.
Десното крило Ненад Костески го чека подолга пауза од ракометните терени поради повредата на лигаментите на дуелот со Колстад.
Стартот на мечот беше одбележан со несекојдневна заедничка фотографија на двата тима и двете навивачки групи.
Тиквеш пружи силен отпор, но Еурофарм Пелистер ги освои бодовите во Кавадарци