Како дел од своите заложби за подигање на свеста кај спортистите од навремено детектирање на било какви неправилности при тренирањето и играњето, фондацијата „Марко Божиновски“ донираше апарати за контрола на работата на срцето на РК Бутел.
Проектот HeartGuard, инициран од Фондацијата „Марко Божиновски“, е емотивен проект посветен на превенција од трагичните и ненадејни загуби на животите на младите спортисти поради проблеми со срцето. Проектот има за цел да собире средства за да се обезбедат срцеви монитори за младите спортисти во Македонија, кои би помогнале при рано идентификување на потенцијални срцеви проблеми како и навремена превенција на истите.
Фондацијата досега има реализирано повеќе проекти, а сега се решија вакви апаратчиња да добијат во РК Бутел каде има многу млади спортисти кои тренираат и играат во повеќе возрасни категории.
Целта е со користење на ваквите апарати да се следи работата на срцето кога спортистите тренираат и се натпреваруваат и имаат поголемо оптоварување. Користењето може да влијае за навремено детектирање било каква неправилност во работата на срцето и навреме да се интервенира.
Фондацијата има постојано отворени броеви за донација каде пеку испраѓање на СМС порака луѓето ќе ја поддржат работата на Фондацијата и ќе може да се реализираат и нови слични проекти.
Мисија на Фондацијата е преку спортот на децата, младинците како и лицата со посебни потреби да им се овозможи поквалитетен живот и поздрава иднина
Доколку сакате да ја поддржите Фондацијата можете да го сторите преку испраќање порака на смедните телефонски броеви:
Телеком – 143 403
А1 – 143 800