Старо-нов освојувач на трофејот во Лигата на Европа е германскиот Фленсбург, кој славеше убедливо со 32-25 против францускиот Монпелје.
Уште по првиот дел, избраниците на Алеш Пајовиќ, имаа водство од шест гола, 19-13, па второто полувеме немаше никаква неизвесност.
Се чини дека Монпелје се потроши на полуфиналето со Кил, па не беше на истото ниво против Фленсбург.
Ова за Фленсбург е трет трофеј во Лигата на Европа, а вкупно седум во европските купови, меѓу кои и оној во 2014 во Лигата на шампионите.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јоргенсен со десет и Јакобсен со девет гола, а Кевин Мелер беше одличен на голот. Кај Монпелје, шест гола даде Монте.