Бундеслигашот Фленсбург денеска објави дека поранешниот репрезентативец на Хрватска, Марко Копљар, е нов член во тимот на Алеш Пајовиќ.
Откако Симон Питлик се повреди, а Кај Смитс одлучи да паузира на неодредено време поради срцевите проблеми поради кои паузираше неодамна, Фленсбург мораше да пронајде алтернатива.
Раководството на клубот одлучи тоа да биде 39-годишниот Копљар, кој последниот клуспки ангажман го имаше во Фуксе Берлин. Во редовите на ,,лисиците” настапуваше од сезона 2017/18 до 2023/24, а од месец јуни беше слободен играч.
Хрватот на интернационана сцена беше дел и од Барселона, Веспрем, ПСЖ, додека во својата татковина го носеше дресот на Загреб.
Фленсбург соопшти дека Копљар веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Пајовиќ и ќе може да настапи на утрешниот натпревар во Лигата на Европа против Гумерзбах.