По повредата на данскиот репрезентативец Лукас Јоргенсен, бундеслигашот Фленсбург тргна во потрага по негова замена.
Според пишувањата на „Германијак“, босанскиот репрезентативен пивот Адин Фаљиќ од Загреб е прв на мета на Фленсбург.
Тренерот Алеш Пајовиќ го посакува Фаљиќ како замена за Јоргенсен, а Загреб ќе добие оштета за босанскиот кружен напаѓач.
Хрватскиот првак ќе остане со Патрик Валчак, Петар Топиќ и Роко Трифковиќ на пивотменската позиција, а ако треба таму може да биде користен и Јаков Гојун.


























